Бизнис
26. јуни 2016 - 10:55

Еден кинески град ја отвори иднината

Блумберг - Њујорк 

Кинескиот претседател Си Џипинг изјави дека сака Кина да биде меѓу најинвентивните земји во светот до 2020 година и да ја предводи оваа листа до средината на векот.

Ако се има во предвид практиката која се создава, тоа најверојато значи дека ќе се насочат повеќе пари во сомнителни стартап компании и недообмислени технолошки шеми. Но, може и да се најде подобар модел кој се наоѓа во непосредна близина: јужниот град на економскиот подем - Шенжен.

Квартот Наншан, каде се наоѓа огромен индустриски комплекс, во моментов е набогатиот кинески реон според бруто домашниот производ по глава на жител, поголем дури и од капиталистичкиот Хонг Конг од другата страна на границата. Всушност, брзиот успех на Шенжен би можел да биде далеку поинспиративен од самиот Хонг Конг.

Кога во 1979 година Денг Сијаопинг реши да ги започне кинеските реформи во специјална економска зона, Шенжен беше обично рибарско селце. Од тогаш израсна во огромен град со над 11 милиони жители, и со БДП кој е петпати повисок од тој на Макао.

Просечната цена на недвижности тука е 727 долари за квадратен метар, и е повисока од каде било во САД. Наскоро во градот ќе се појави четвртиот по висина облакодер во светот. И не чуди што во 1992 година, кога неговата поддршка за неговата реформаторска програма ослабуваше, Денг Сијаопинг се врати во градот за да ги потсети Кинензите за достоинственоста на претприемништвото и приватната иницијатива.

Денес околу осум илјди технолошки компании го започнаа бизнисот тука, вклучувајќи го и интернет гигантот „Тенсент“ и технолошката компанија „Хуавеј текнолоџис“, како и најголемиот производител на дронови во светот. Берзата на акции во Шенжен со пазарна капитализација од три милијарди долари, е насочена кон брзорастечките стартап компании во технолошкиот сектор.

Јавно-приватното партнерство „Бејжинг џеномикс интернешенел“ нуди брзи ДНК информации кои можат да бидат симнати насекаде низ светот преку облачните услуги на Амазон. Компанијата за расветни тела „ЛЕДСФилм“ ги произведува најмалите и најсилните лампи на светот за студија и за места за забава.

Се разбира, не секој град во Кина може да стане Силициумска долина. Шенжен има многу добра основа на која може да гради, ако се има во предвид дека делтата на Бисерната Река е дом на илјдници вешти производители кои учествуваат во поголемиот дел од корисничката техника во светот. Всушност, самиот град правилно сфати некои клучни принципи.

Пред се, тој навистина е место за вдомување и доаѓање на различни социјални и културни групи. Шенжен во поголема мера за разлика од другите кинески градови ја скрати процедурата со која работниците мигранти стануваат полноправни граѓани. Секој кој ќе си купи стан добива целосни права на жителство. Амбициозни аватуристи од целата земја се слеваат во градот за да се збогатат, необременети од историјата.

За споредба, Пекинг останува зачуван за партиската елита, а Шангај е познат по тоа што „избегнува“ ндворешни луѓе. И во двата града бирократските тензии и отпорот на средната класа продолжуваат да им пречат на напорите за либерализација на системот „хуку“ – регистрација на местото на живеење.

Тоа им обезбедува на нискоквалификуваните мигранти нелегален статус во облсти како образование и го ограничува притокот на работна сила кон местата на кои таа најефикасно би помогнала за раст на компаниите. Ако кинеските градови сакаат да развијат амбициозна, трудољубива и претприемчива работна сила, тие треба да направат повеќе за подобро прифаќање на новодојдените кои стремат кон тие приинципи.

Второ е што Шенжен создаде најблагопријатна бизнис средина во Кина. За споредба, лесно е да создадеш компанија и да префрлаш средства во странство. Светската банка оценува дека се неопходни над 31 ден и 11 различни поцедури за да се отвори фирма во Кина.

Претставници на економската зона Џијанхај во Шенжен се фалат дека можат да регистрираат странска инвестициска компанија за осум дена. Се поголем број компании за ризични вложувања и директни инвестиции сега го преполнија градот кој го заострува претприемаштвото за ризици.

Затоа што не располага со природни ресурси, Шенжен се фокусираше на обезбедување можности за иновации: владата и локални компании минатата година инвестираа над три милијарди долари во истражување и разработување, што изнесува над 6 проценти од БДП на градот. Во просек за целата земја, тие изнесуваат 2,3 проценти.

Насекаде низ градот има плакати со кои се потенцира дека се „поттикнваат иновациите и се дозволува неуспех“. Претставници од градот активно работата за поотворени финансиски пазари за претприемачите полесно да доаѓаат до средства.

Најважно: наместо да обрнува внимание на владиниот диктат за тоа како и колку треба компаниите да произведуваат, забревтаниот приватен сектор во градот силно си конкурира за да разработи производи кои можат да опстојат на еден беспоштеден пазар. На други места во Кина, владата сеуште ги потпомага државните компании и покрај нивната исклучителна задолженост, лошата статистика во отварањето нови работни места, и нивната целосна неефикасност.

Како залучок, за да успеат, новите компании имаат потреба од солидна регулаторна структура која постојано ќе налага јасни правила. Многу локални адвокати се лиценцирани во Шенжен, исто како и во Хонг Конг, со што се олеснуваат трансграничните договори. Една локална зона за слободна трговија сега на Хонг Конг му предлага решавање на судски спорови за компании кои стравуваат од своеглави судови и од регулаторните органи на континентот.

Реформите на Денг Сијаопинг од 1979 година се засновуваат на една основна идеја: тие им даваат можност на индивидуите и го поттикнуваат претприемничкиот дух, а не го поддржуваат статусквото кое е доминирано од државата. Ако Кина навистина сака да изгради еконмија на 21-от век, која е задолжително ако се има во предвид падот на населението и се повисоките расходи за трудот, ќе треба да го стори истото. Шенжен е доказ дека оваа формула функционира.