Еден загина во страшна сообраќајка на патот Неготино-Демир Капија
Еден загинат и четворица повредени во сообраќајка на автопатот А1 Неготино-Демир Капија, која се случи утрово во 05:20 часот, во близина на хотел „Парк", информира Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес.
- Патнички автомобил „Daewoo“ со српски регистерски ознаки удрил лево во заштитна еластична ограда од автопатот и се префрлил на другиот коловоз автопатот А1 правец Демир Капија-Неготино, појаснува Стојковска.
Во несреќата починало едно лице, а останатите четири лица се здобиле со телесни повреди. Сите повредени биле пренесени во Медицинскиот центар Велес.
- Увид на лице место изврши надлежен Јавен обвинител и увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Велес. Во времето од 05:20 до 08:30 часот на правецот Неготино-Демир Капија сообраќајот се одвиваше по една коловозна лента, додаде Стојковска. с
Ново на Сител
-
Наместо 5.000 денари, пензионерите во септември ќе добијат 2.500, а останатите во март
-
Борисов со нови закани, Мицкоски вели дека изјавите му се застарени
-
Синдикатот на полицијата со кривична против Оливер Спасовски
-
Преглед на вестите од светот
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари