Египетскиот премиер - Не може да се утврди причината за падот на авионот
Египетскиот премиер Шериф Исмаил денеска изјави дека не е возможно да се утврди причината за падот на рускиот патнички авион на Синајскиот Полуостров се додека не се испитаат црните кутии.
Сличен став изнесе и руската Агенција за авиосообраќај. Агенцијата наведе дека нема цел да се претпоставуваат причините за уривањето на рускиот авион додека нема сигурни податоци за околностите кои довеле до несреќата.
- Во моментот нема основа која би укажала дали авионот се урна поради техничка грешка или грешка во кокпитот или поради некаков надворешен удар, се наведува во соопштението на нруската Агенција за авиосообраќај.
Рускиот патнички авион кој полета од Шарм ел Шејк за Санкт Петербург денеска се урна на Синајски Полуостров. Авионот Ербас 321 на руската авиокомпанија „Когалимавија“ се урна на околу сто километри од Ариш во северниот дел на Синај, при што загинаа 217 патници, од кои 17 деца и седум членови на екипажот. Според најновите извештаи, 214 патници биле руски државјани, тројца Украинци и еден белоруски државјанин.
Ново на Сител
-
33 интервенции на пожари од почетокот на годинава во охридскиот регион
-
Јавните комунални претпријатија имаат недостаток на стручен кадар
-
Преглед на вестите од светот
-
На скопската брза помош и треба итна помош за вработувања
-
Џеј Ди Венс: Најголемата закана за Европа доаѓа од внатре
-
Тема на денот со Тоше Зафиров, политиколог
-
Таравари бара во пакет со симболите да се решат и етнички прашања, за ВМРО-ДПМНЕ на маса е само промената на грбот
-
Стартува Минхенската конференција - Ќе донесе ли трајно решение за руско-украинската војна?