„Експензивити“: Македонците трошат 260 евра годишно на пиво
Многу туристи и светски патници сметаат дека пробувањето на странските домашни пива е неизбежен дел од нивното патување. Сепак, цената на овој популарен алкохолен пијалак варира од земја до земја, па затоа, американскиот портал „Експензивити“ направи споредба на цените на пивото во 58 земји.
Така, жителите на Босна и Херцеговина, на пример, се на осмо место на листата на најголеми потрошувачи на пиво. А, бидејќи просечната цена е два долари за шише (помалку од две евра), тие годишно трошат околу 650 долари (540 евра), на пиво, покажува новото истражување на порталот.
Македонците трошат по 258 евра годишно, а просечната цена е околу две евра за шише.
Најскапото пиво на светот се наоѓа во блискоисточната држава Катар. Во просек, пивото таму чини 11,26 долари по шише. Но, во Катар не само што ќе платите најмногу за едно пиво, туку ќе мора да добиете и посебна дозвола за да можете да го купите.
Исто така, Катар воведе 100 отсто данок на увоз на алкохол во пресрет на Светското првенство во фудбал, коешто ќе се одржи 2022 година, па оттаму и високата цена на шише пиво.
Најевтиното пиво го пијат жителите на Јужна Африка – чини 1,68 американски долари за едно шише. Сепак, Чешка тука е „победник“ со најголема стапка на потрошувачка на пиво, бидејќи во просек, личност пие дури 468 шишиња годишно.
Земјата чии граѓани трошат најмногу пари на пиво е Германија – речиси 2.000 долари годишно.
Ново на Сител
-

Идната недела анализа дали имало девијантно однесување на трговците и зголемени цени пред празниците
-

Мицкоски: Образованието ќе биде еден од врвните приоритети, треба да се зголеми бројот на научни трудови
-

Приведен 31-годишник во Тиквешко, обвинет дека ја нападнал тетка му
-

Луѓе и роботи во заеднички настапи за Нова година во Кина | ВИДЕО
-

На Косово уапсен убиецот на Турчинот во Чаршија, му нанел четири убоди со нож во градниот кош и срцето
-

26-годишен маж од неготинско со трактор излетал од патот
-

ЈП„ Македонија пат“: Слаб снег во одредени делови во земјата, но не се задржува на коловозот
-

Ангажман на вработени, невработени, студенти, ученици и пензионери, без губење на веќе стекнати права
