-->
-->
ЕЛ: Македонија остана во игра за завршниот турнир
-->

Македонската одбојкарска репрезентација постигна нова победа во Европската лига откако вечерва ја совлада Полска на нејзин терен со 3:2 во сетови. Со овој триумф Македонија се проби на втората позиција на табелата во групата и со тоа ги задржа шансите за пласман на второто место и учество на завршниот турнир.
Резултат по сетови: 26:24; 22:25; 24:26; 25:20 и 15:12.
Македонските одбојкари поведоа со 1:0, а потоа противникот го презеде водството со 2:1 во сетови. Во продолжението повторно избраниците на селекторот Жарко Ристоски беа сигурни и успеаја да изедначат на 2:2. Во решавачкиот сет Македонија ги искористи своите шанси и ги казни грешките на противникот.
Полска и Македонија ќе одиграат утре уште еден натпревар со почеток од 17 часот. Естонија - израел 3:0.
Табела А група: Естонија 9-0 (победи-порази), Македонија 6-3, Полска 6-3, Австрија 2-6, Данска 2-6 и Израел 1-8.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Во Прилеп одбележан месецот на Франкофонијата
-

Литија во село Оровник
-

Дојава за бомба го испразни „City Mall“
-

Тема на денот со Павле Трајанов, Национален координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам
-

Обвинителството ќе бара лица кај кои се аплицирале недозволените ботокс и филери
-

Естетските корекции не се козметика
-

СДСМ обвинува дека владата на Мицкоски ја водат лажни патриоти со бугарски пасоши
-

Власта и опозицијата се обвинуваат кој ја кочи европската интеграција
