-->
-->
Елиминации на Јотовски и Деари во првото коло
-->
Македонските тенисери Томислав Јотовски и Шендрит Деари, се елиминирани уште во првото коло на ИТФ тенискиот фјучерс турнир што се игра во Хамамет, Тунис за вкупен награден фонд од 10 илјади американски долари.
Нашиот најдобро рангиран тенисер Јотовски во првото коло од главниот турнир во поединечна конкуренција, е поразен во два сета од Бенжаман Балре од Монако.
Искусниот 33-годишен Балре (732-ри на АТП-листа) кој е послабо рангиран од Јотовски (669-ти на АТП) мечот го доби лесно за само 1 час и 11 минути игра препуштајќи ми на Јотовски по два гема во двата сета (6-2 и 6-2).
И Шендрит Деари (1.655-ти на АТП) одигра само два сета. Тој во дуелот со осмиот носител на турнирот, Русинот, Роман Сафиулин (634-ти на АТП), загуби со 4-6 и 4-6.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Опозицијата обвинува за селективна истрага, власта вели одговорноста ќе има име и презиме
-
Посебен сообраќаен режим
-
Црвен крст: Првата исплата ќе изнесува по 2.400 евра на 240 семејства
-
Поддршка од Израел
-
Боре Видевски негира дека е вмешан во убиствата на Вања и Панче
-
Муртезани: Пристигнаа првите 52,4 милиони евра од инструментот за реформи и раст од ЕУ
-
Две лица убиени во пукотници во Волково
-
Четири пациенти во критична состојба