Енерџи оил гас: Црна Гора „седи“ врз вредни ресурси

Грчката компанија Енерџи оил гас на крајот од минатата недела соопшти дека независната проценка која ја порачале покажала дека во два блока во општина Улцињ има 51 милијарда просторни метри природен гас и 144 милиони кубни течни ресурси, што вкупно е 438 милиони барели нафта.
Владата и грчката компанија Енерџи оил гас на 16 март оваа година потпишаа договор за концесија за производство и истражување на нафта и гас во црногорското крајбрежје.Концесијата се однесува на два блока во општина Улцињ.
Грчката компанија соопшти дека тоа е првиот извештај на независен проценител и бил подготвен од холандската Сивел анд асосиејтс (Netherland Sewell & Associates), и содржи податоци за проценка на гасните и течните ресурси за експлоатација во блоковите 4218-30 и 4219-26, над кои тие имаат 100 процент од правото на концесија.
Блоковите над кои Енерџи оил гас има право на концесија, зафаќаат површина од 338 квадратни километри во плитките води на црногорското крајбрежје.
- Изработката на извештајот е составен дел од првата тригодишна фаза на истражувањето, која подразбира задолжителна работна програма која вклучува сеизмичко 3Д снимање на двата блока, кои треба да се реализира во 2018 година, како и геолошки и геофизички студии.Вкупната инвестиција во оваа почетна фаза на истражувањето се проценува на пет милиони долари, се вели во соопштението на компанијата.
Како што објаснува, извештајот е важен чекор во одредувањето на потенцијалот на црногорското крајбрежје, кое сѐ уште не ѐ истражено.
- Црна Гора „седи" врз вредни ресурси на неискористен потенцијал на источниот Јадран, изјави Матиос Ригас, извршен директор на Енерџи оил гас
Ново на Сител
-

Крај на петмесечната политичка криза: Романскиот парламент му изгласа доверба на кабинетот на Лука Никулеску
-

НАТО ќе го засили надзорот во Црното Море
-

Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори
-

Димитриеска-Кочоска: Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот и акцизата до 2 ноември 2026 година
-

По децении запуштеност, конечно ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
-

Маж следел, па потоа допирал по телото 22-годишна девојка во Карпош
-

17-годишник со нож повредил 15-годишник на Бит Пазар
-

Тешко повредено шестгодишно дете кое се возело како сопатник на тротинет откако во нив удрил автомобил
