ЕП одобри 18 милијарди евра помош за Украина
Eвропскиот парламент денеска го одобри предлогот Украина следната година да добие 18 милијарди евра економска помош од ЕУ.
Европската комисија предложи Киев да ја добие сумата во еднакви делови, отплатата на заемот да започне по 10 години, а каматата да ја покриваат земјите од ЕУ.
Комисијата предвидува средствата да бидат искористени за поддршка на основните јавни потреби, вклучително и работата на болниците и училиштата, обезбедувањето засолништа и обновувањето на инфраструктурата оштетена од руските воздушни напади. Заемот се очекува да биде отплатен за 35 години.
„За исплата на заемот потребни се реформи за зајакнување на институциите на Украина и подготовка за нејзино закрепнување на патот кон членство во ЕУ“, се вели во соопштението на ЕП.
Се додава дека денешната одлука е донесена со 507 гласа „за“, 38 „против“ и 26 воздржани.
Од почетокот на војната, ЕУ обезбеди 19,7 милијарди евра за поддршка на Украина.
За заемот, одобрен од европратениците денеска, треба дополнително гласање во Советот на ЕУ на 6 декември.
Ново на Сител
-
Бројот на жртви во Турција и Сирија надмина 16 000
-
Македонија го испрати и вториот конвој помош за Турција
-
ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Пендаровски кој пред две години лично му ветуваше помош на Благојче
-
ТВ Клан: Ноќна средба на Мицкоски и Гаши во Собранието
-
Македонските компании мора да се дигитализираат за да ја зголемат конкурентноста
-
Хакиран системот на ФЗО, нема исплата на боледувања
-
Тема на денот со Ајдован Адемоски, почесен конзул на Турција во Македонија и претседател на МАТТО
-
Годишно обраќање на Бајден како најава за нов мандат