Ракомет
17. January 2018 - 17:08

ЕП - Вараждин 2018: К.Лазаров ми „фалат“ тие 15 минути од Вараждин

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров има одиграно многу натпревари на кои брутално бил фаулиран. Но, на еден долого се сеќава откако во Вараждин на дуелот со Германија на СП 2009 година беше исклучен. К.Лазаров беше фаулиран, а во желба да се „откачи“ од ривалот го бутна и доби црвен картон. Тоа беше во 45.минута од дуелот при активен резултат 22:19 за Германија. Лазаров дотогаш имаше постогнато 9.голови, а Македонија до крајот на тој дуел постигна уште 4 и беше поразена од тогашниот актуелен светски шампион.

- Ми фалат во кариерата тие 15 минути од натпреварот, потенцираше Лазаров, кој надополни дека нашата репрезентација ќе се обиде да ја прекине традицијата и да постигне првпат позитивен резултат во дуел со Германија.