Ердоган бара референдум за измени на Уставот

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека идејата за поголеми претседателски овластувања не е лично прашање.
- Ние сметаме дека парламентарниот систем во Турција е потрошен. Сметаме дека Турција има потреба од претседателски систем. И сакам да посочам на едно недоразбирање: претседателскиот систем не е лично прашање на Таип Ердоган, изјави претседателот на Турција.
Тој наведе дека Парламентот може да се произнесе за тоа прашање, но оти ќе има и референдум.
- Конечното решение треба да го донесе народот, а не пратениците, истакна Ердоган.
Ердоган 11 години беше премиер, а во август 2014 година е избран за претседател на Турција. Откако Ердоган стана претседател инсистира на уставни промени односно за воведување на претседателски систем.
Партијата на правдата и развојот (АКП) на Ердоган освои апсолутно мнозинство на парламентарните избори на 1. ноември. Но, АКП има 317 од вкупно 550 пратеници и нема квалификувано мнозинство за организирање на референдум или за уставни измени.
Парламентарната комисија за изработување на предлогот за нов устав се очекува да почне со работа идната недела.
Трите опозициски партии во Парламентот соопштија дека ги поддржуваат уставните измени, но не и претседателскиот систем.
Ново на Сител
-

Обвинетиот за потпалувањето на колите на бугарската амбасада призна вина
-

Од 1 мај директна авиолинија меѓу Тиват и Скопје
-

Нелојална конкуренција во занаетчискиот сектор
-

Недела на италијанскиот јазик во Штип
-

Околу 3.500 граѓани од струмичкиот регион се пријавиле за бесплатна вакцинација против грип
-

Прилепската болница прва во Македонија ќе добие „Соба за испраќање на бебињата“
-

Преглед на вестите од светот
-

„Роаминг како дома“ во земјите од ЕУ од следното лето?!
