Ердоган: Односите Турција - САД ќе го надминат турбулентниот период
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека САД и Турција ќе го надминат сегашниот турбулентен период во нивните односи.
- Нашето стратегиско партнерство со САД, кое преживеа многу потешкотии, ќе го преживее и овој турбулентен период, изјави Ердоган на конференција во Њујорк, каде учествува на Генералното собрание на Обединетите нации.
Односите меѓу Турција и САД се нарушени поради американското одбивање да го екстрадираат турскиот проповедник Фетула Ѓулен, кого Анкара го обвинува за организирање на обидот за државен удар во јули 2016 година. САД, пак, бараат Турција да го ослободи американскиот свештеник Ендрју Брансон, кој е обвинет за поврзаност со Ѓулен. Спорот меѓу двете земји придонесе за падот на вредноста на турската валута летово.
Ердоган, сепак, во својот говор го обвини Трамп дека ги користи трговските прашања како политичка алатка за да ги реализира своите цели.
Ново на Сител
-
Благодатниот оган се спушти во храмот над Светиот гроб во Ерусалим
-
Серафимов: Цената на месото не е зголемена за Велигден
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје