Ердоган со силна поддршка за Азербејџан
Турскиот претседател Реџеп таип Ердоган се заколна дека Анкара ќе го поддржува својот сојузник Азербејџан „до крај“ во нивниот судар со Ерменија околу спорениот регион Нагорно-карабах, по судирите во кои загинаа најмалку 30 војници од обете страни.
- Се молиме нашите азербејџански браќа да победат во овие судари со најмал можен број жртви. Ние го поддржуваме Азербејџан до крај, изјави Ердоган за време на неговата посета на САД, пренесува неговиот кабинет.
Турскиот претседател смета дека сегашното заострување на конфликтот во Нагорно-Карабах се должи на несоодветните напори на Минск групата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (Русија, Франција и САД).
- Соочени сме со сегашната ситуација во Нагорно-Карабах, кој е под долгогодишната окупација, поради тоа што Минск групата го омаловажи ова прашање. Ако Минск тројката дејствуваше праведно за да постигне јасни резултати, немаше да бидеме сведоци на она што се случува денес , рече Ердоган при отворањето на џамија во Вашингтон, јави ТАСС.
Турскиот претседател исто така изјави дека западните земји ги пуштаат на слобода оние кои Анкара ги прогласува за терористи и за кои им дава информации, пренесува БТА.
- Ние се бориме против тероризмот повеќе од 35 години. Поради терористички активности загубивме околу 40 илјади луѓе. Сепак Западот ги пушта луѓето за кои им велиме дека се терористи, рече тој.
- Напаѓачот од Брисел беше терорист, за кого ние доставивме информации до белгиската влада, рече Ердоган, додавајќи дека потоа Белгија не презела никакви активности.
Ново на Сител
-
Се стопираат етничките вработувања во администрацијата
-
Дамева бара одговорност за судијата Нанев, тој тврди дека Дамева го омаловажува бидејќи не трпи успешни судии
-
Влада: Договорот на Државната лотарија и Хеј ДООЕЛ не е само штетен, туку и за кривично гонење
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски и Муцунски патуваат во Брисел
-
Таравари: Ахмети да се навикне на опозиција
-
Готов предлогот за есенската кошничка
-
Учениците со посебни потреби добија асистенти