Ереван: Ситуацијата во Нагорно Карабах е пред хуманитарна катастрофа
Ситуацијата во Нагорно Карабах е близу до хуманитарна катастрофа, предупреди премиерот на Ерменија, Никол Пашинјан. На средбата со амбасадорите на странски земји, Пашинјан рече дека ситуацијата на јужниот фронт е тензична и дека примирјето не се почитува.
Тој повтори дека Азербејџан го прекршил договорот за прекин на огнот постигнат во Москва, додавајќи дека Азербејџан се обидел да го заземе градот Гадрут веднаш штом стапи во сила примирјето.
Пашинјан додаде дека борби има во областа Гадрут и дека армијата на Карабах спроведува операција за неутрализирање на противничките групи.
– Блиску сме до хуманитарна катастрофа во зоната на конфликтот, ако не и на прагот, и единствениот начин да се спречи е да се признае правото на самоопределување и признавање на независноста на народот во Нагорно Карабах, потенцира Пашинјан.
Ново на Сител
-
Утре повторно бојкот на маркетите, министерот за економија најави нови мерки
-
Мицкоски: Одлуката на Уставен е конечна, ќе најдеме решение поединечно со компаниите
-
Се мапираат локалните предизвици
-
ИЈЗ: За една недела има над 3000 болни од грип – пријавени и два смртни случаи
-
Наместо нов Клинички, ГОБ 8-ми септември ќе станува регионален центар
-
Само електонски индекси од октомври?
-
ВМРО-ДПМНЕ до Собранието ќе донесе иницијатива за разрешување на членовите на Судски Совет
-
Камбовски: Според сегашните закони само Советот може да ги разреши членовите