Еруптираше вулкан на Камчатка, властите предупредуваат на можна закана за воздушниот сообраќај
Вулканот Шивелуч на полуостровот Камчатка на далечниот исток на Русија еруптираше рано изутринава, исфрлајќи облак од пепел висок 10 километри, што претставува зголемена закана за воздушниот сообраќај, соопшти тимот за одговор на вулканска ерупција на Камчатка (КВЕРТ)
Тимот издаде црвен аларм истакнувајќи дека „голем облак од пепел“ се движи западно од вулканот и дека во секое време може да се случи експлозија со исфрлање пепел до височина од 15 километри.
„Тековната активност може да влијае на меѓународните летови и авионите што летаат на пониски височини“, се вели во извештајот.
Локалните власти ги затворија училиштата и им наредија на жителите на околните села да останат во затворени простории бидејќи облакот од пепел може да се прошири на десетици километри околу вулканот, рече шеф на општинскиот регион Уст-Камчатски Олег Бондаренко во објава на Телеграм.
Еден од најголемите и најактивните вулкани во Камчатка, Шивелуч имаl околу 60 значајни ерупции во последните 10.000 години, а последната голема се случи во 2007 година.
Бондаренко рече дека вулканот еруптирал во 6:31 часот по локално време, а облакот се проширил во селата оддалечени повеќе од 70 километри.
– На жителите им се препорачува да останат дома и да избегнуваат непотребни патувања, нагласи тој.
Ново на Сител
-

УЈП почна да праќа решенија за неплатен данок за 2021 година
-

Oслободени двајцата обвинети за случајот со Пендиков
-

Мадрид: Промовирана книгата „Во срцето на Шпанија“ - Сведоштво за храброста на македонските доброволци
-

Мицкоски по Самитот: Се бориме да вратиме што беше продадено
-

Тема на денот со Саша Богдановиќ, претседател на Српска демократска лига
-

Мицкоски од Црна Гора: Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но поради вештачки причини не ги почнавме преговорите
-

Евроамбасадорот Рокас очекува заедничка иднина со ЕУ и инвестиции во одбраната
-

По бегството во Бугарија, Ива Михаилова ќе се суди во отсуство
