Свет
3. јуни 2022 - 12:09

ЕС го одобри шестиот пакет санкции против Русија

 Советот на Европската Унија го одобри шестиот пакет санкции против Русија поради војната во Украина.

Шестиот пакет содржи економски и лични санкции против Русија и Белорусија.

Новите рестриктивни мерки опфаќаат:

– Земјите-членки на ЕУ да запрат со увезување нафта од Русија во рок од шест месеци, а за нафтени деревати осум месеци;

– Постепено откажување од руската нафта транспортирана по морски пат, со привремен исклучок за доставата преку цевководите;

– Исклучување на Сбербанк, Роселхозбанк и на Московската кредитна банка од СВИФТ;

– Забрана за емитување во Европа на телевизиските канали Русија РТР/РТР Планета (Russia RTR/RTR Planeta), Русија 24 (Russia 24), ТВ центар-меѓународен (TV Centre-International).

Правниот документ ќе биде објавен подоцна во официјална публикација на ЕУ, тогаш ќе биде јаснои за кои личности следат санкции.