ЕУ почнува преговори со Западен Балкан за вклучување во зоната „Роаминг како дома“

Советот на Европската Унија соопшти дека го одобрил почетокот на преговорите со Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија за проширување на зоната „Роаминг како дома“.
Промената ќе им овозможи на корисниците од шесте држави од Западен Балкан да остваруваат телефонски повици, да испраќаат текстуални пораки и да користат мобилни податоци додека престојуваат во ЕУ, без дополнителни трошоци. Истото ќе важи и за корисниците од ЕУ при посета на шесте балкански земји.
Зоната во моментов ги опфаќа земјите членки на ЕУ, како и Исланд, Лихтенштајн и Норвешка, а во неа се вклучени и Молдавија и Украина.
По денешната одлука, Европската комисија ќе започне преговори за склучување договори со секоја од шесте балкански држави. Тие ќе треба да спроведат законски измени за усогласување со европското законодавство во областа на телекомуникациите.
Во соопштението се наведува дека, по позитивна оценка од Европската комисија за исполнувањето на условите, ќе може да биде донесена одлука за реципрочно отворање на роаминг-пазарите меѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан.
За Молдавија и Украина оваа промена стапи во сила минатата година.
ЕУ ја воведе зоната за бесплатен роаминг пред девет години, по што беа укинати дополнителните трошоци за европските корисници при патување во друга земја членка на Унијата.
МИА
Ново на Сител
-

Април или мај е најраниот термин доколку има предвремени избори
-

Тема на денот со Владимир Божиновски, универзитетски професор
-

Трамп најави крај на војната со Иран, берзите растат, цената на нафтата паѓа
-

Детонации и пожар од кабли предизвикаа паника во Кисела Вода
-

Уставните измени и изборите отворија нов фронт меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
-

„Градски воз“ во Скопје од 1 септември
-

Повторно протест на 50-тина лица со договор на дело на Клиника за детски болести
-

Потпишан меморандум за соработка меѓу француската амбасада и министерството за култура
