ЕУ повлече седум милиони маски бидејќи не се безбедни
Европската унија повлече седум милиони маски, внатре во блокот, бидејќи не ги задоволуваат безбедносните стандарди и не заштитуваат адекватно од новиот коронавирус, соопшти европскиот Одбор за внатрешен пазар и заштита на потрошувачите по одржаната седница.
Според хрватскиот европратеник Томислав Сокол, до наплив на фалсификувани заштитни маски на европскиот пазар, кои најчесто се од Кина, дошло поради „оптовареност“ на вообичаениот синџир на снабдување и големата побарувачка за заштитна медицинска опрема во последните месеци, откако со тоа почнале да се занимаваат различни сомнителни компании.
– Се плашам да помислам уште колку поминале под радарот за време на големата побарувачка на заштитна опрема, која траеше во екот на борбата против коронавирусот, нагласи Сокол.
На прашањето какви се тие маски кои не ги задоволуваат стандардите, Сокол одговори дека станува збор за производи, за кои производителот тврди дека имаат заштитен потенцијал против честици, но нивниот капацитет за филтрирање нема сертификат од соодветно европско тело.
Сопственикот на компанијата за производство на медицинска опрема „Медитекс“, Роберт Чрњевиќ истакна дека најсигурен начин е да се побара ознаката „CE“ на амбалажата, со што ќе се знае дали ги задоволува стандардите.
Ново на Сител
-
33 интервенции на пожари од почетокот на годинава во охридскиот регион
-
Јавните комунални претпријатија имаат недостаток на стручен кадар
-
Преглед на вестите од светот
-
На скопската брза помош и треба итна помош за вработувања
-
Џеј Ди Венс: Најголемата закана за Европа доаѓа од внатре
-
Тема на денот со Тоше Зафиров, политиколог
-
Таравари бара во пакет со симболите да се решат и етнички прашања, за ВМРО-ДПМНЕ на маса е само промената на грбот
-
Стартува Минхенската конференција - Ќе донесе ли трајно решение за руско-украинската војна?