-->
-->
ЕУ со одлука: Македонија добива безусловна препорака за старт на преговорите
-->
Амбасадорите на земјите членки на Европската унија доцна синоќа во Брисел постигнале консензус за отворање на преговорите на Македонија за влез во Унијата. За одлуката информираше вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, дополнувајќи дека во текот на денов се чека и нејзино официјализирање.
Препораката е безусловна и за неа согласност постигнале сите 27 земји. По ова, рече Османи, нема никакви пречки за закажување на датум за одржување на првата меѓувладина конференција, која се смета за официјален почеток на преговорите со ЕУ.
Одлука е донесена и за Албанија, но како што информираше Османи, најверојатно почетокот на преговорите на оваа земја со Унијата е задолжен со неколку услови.
Горан Симоновски
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Хоспитализирани уште осум лица со голема кашлица, вкупно 905 заболени
-
Поставен камен темелник за изградба на спортска сала во Лескоец
-
Помалку часови наплата на зонско паркирање во Тетово
-
Превентивно-едукативна кампања за заштита од топлотен удар на „Ќафасан“
-
Мицкоски: Утре и задутре ситуацијата со пожарите ќе се стави под контрола
-
МОН: Од денеска почнува електронското аплицирање за сместување во студентски домови
-
Поевтинуваат горивата
-
Три од децата ќе бидат пуштени дома