Еве која е новата девојка на Вељко: Беше надеж на српската кошарка, а потоа донесе шокантна одлука

Вељко Ражнатовиќ неодамна ја покажа својата нова девојка, а како што обично се случува со сите негови избранички, обожавателите ги интересираше која е новата снаа на Цеца.
Имено, станува збор за поранешна кошаркарка од Тител Богдана Родиќ, но на јавноста не и е познато колку успешна спортистка беше девојката на Вељко.
Богдана, пак во 2013 година беше дел од јуниорската репрезентација на Србија која во Вуковар освои брозен медал на Европското првенство.
Во 2015 година со екипата Радивој Кораќ ја освои титулата првак на Србија во кошарка. Истата година Богдана со Кораќ беше вицепрвак на Женската регионална лига и финалист на Купот Милан Цига Васојевиќ.
Во текот на кариерата имаше две тешки повреди на колената, но тоа не ја спречи да се врати како победник. Го носеше дресот со број 17.
Сепак и покрај сите освоени титули и добрата перспектива во кошарката, Богдана во 2015 година донесе одлука дека повеќе нема да се занимава со спорт.
Ново на Сител
-

Колку ќе биде тешко да се докаже дали во кумановско имало сериски убиец?
-

Истрага за пет тони марихуана
-

Бугарија ќе нема право на вето кај постепеното зачленување во ЕУ
-

Паневропска Унија: Сите земји треба да имаат полноправно членство на ЕУ, не држави без право на глас
-

Забрзано се гради новата делница од Коридор 8 Гостивар - Букочани
-

Уништен еден тон небезбедна „здрава“ храна
-

Да се повлече предлог законот за извршување, бара КСОМ
-

Како Австриската развојна агенција и помага на земјава со реформите за ЕУ
