ЕВН: Жители од Оризари влегоа во КЕЦ Куманово, вработените ги напуштија местата
- Откако група жители на липковското село Оризаре, влегоа во објектот на КЕЦ Куманово, вработените ги напуштија работните места од безбедносни причини и непостоење на услови за работа, информираа денеска од ЕВН. Од компанијата велат корисничко енерго центар на ЕВН Куманово нема да работи сè додека не се создадат услови за нормално одвивање на работата.
Инаку, како што претходно информираа од ЕВН, жителите на Оризаре немаат струја, откако жителите од нивното соседно село Слупчане бесправно манипулираа со трафостаниците, оставајќи го нивното и соседните села без струја.
Утрово, ЕВН информираше дека селото Слупчане и Оризари (општина Липково) се сè уште без напојување со електрична енергија. Останатите дефекти беа надминати. Од компанијата велат дека сè додека не се создадат нормални услови за работа и се загарантира сигурноста на вработените на електродистрибуција, нема да работат на санација на дефекти или да извршуваат редовни работни активности во овие села.
Од Министерството за економија ги повика граѓаните во државата редовно да си ги намируваат обврските кои ги имаат кон енергетските компании.
Ново на Сител
-
Пет пациенти кои се лекуваат во странство се во критична состојба
-
Од утре почнува исплатата на итна и првична помош за семејствата зафатени од несреќата во Кочани
-
ЗЕЛС: Координирана вонредна контрола во сите општини
-
Уапсени 17 лица кои пуштале музика во 7 дневна жалост
-
Владата апелира да се избегнува каква било политизација на случајот
-
Охриѓани им оддадоа почит на жртвите
-
ТППЕ Охрид - Голема е опасноста од блоковски пожари
-
Преглед на вестите од светот