Европскиот суд во Стразбур пресуди во корист на Македонците во Бугарија
Македонците од Бугарија извојуваа голема победа против бугарската држава во Судот за човековите права во Стразбур, во спорот кој пред Судот се води од 2013 година.
Пресудата доаѓа само десетина дена пред најавеното вето на Бугарија против Македонија во процесот на отпочнување преговори на Македонија за членство во Европската Унија.
Македонски клуб за етничка толеранција во Бугарија“, здружение со седиште во Благоевград и претседателот на нејзиниот одбор Ангел Кирилов Радонов, државјанин на Република Бугарија, на 10 октомври 2013 година пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, преку адвокатот Тони Менкиноски поднесе апликација против Бугарија за повреда на правото на здружување, бидејќи Бугарија одби да го регистрира здружението од причина што според неговата дејност треба да ги негува и афирмира македонските етнички обележја и традиции различни од бугарските.
Европскиот суд за човекови права во Стразбур денес ја осуди Бугарија, носејќи пресуда со која утврди, дека е повредено правото на здружување по членот 11 од Европската конвенција за човекови права на Македонците во Бугарија. Сега, Бугарија е задолжена во согласност со оваа пресуда да го регистрира “Македонски клуб за етничка толеранција во Бугарија“ и да им исплати штета од 7.500,00 евра во рок од 3 месеци.
Ново на Сител
-
Репортажа за Македонската Дијаспора во Пиемонте - Италија
-
Партиите не прекинуваат со обвинувања - кој е виновен за кризата и голготата на онколошките пациенти
-
Камбовски: Собранието не може да разреши член на Судски совет
-
Поради маглата откажани летови на Скопскиот аеродром
-
И КСОМ ќе бара минималецот да порасне повеќе од законски предвидените 1.800 денари
-
Синдикално заробеништво
-
СДСМ против најавите на Касами за менување на имињата на улиците и бришење на НОБ
-
Сточна храна по повисока цена - Чија е вината?