Фицо: Изјавата на Маѓар дека Унгарија граничи со самата себе само ја зголемува напнатоста

Премиерот на Словачка, Роберт Фицо, синоќа ја оцени изјавата на унгарскиот премиер Петер Маѓар дека „Унгарија граничи со самата себе“ како „тешки зборови“ и потсети дека Унгарија на север граничи со суверената Словачка.
Според Фицо, „острата реторика“ никому не му помага и само ја зголемува напнатоста, а во овој момент се потребни здрав разум и прагматизам.
- Германија исто така ја плати цената поради острата реторика на својот канцелар Фридрих Мерц. Таа не успеа да освои непостојано место во Советот за безбедност на ОН. Ваквиот меѓународен неуспех на една голема и моќна земја е необјаснив – рече словачкиот премиер.
Фицо додаде дека сè повеќе функционери повикуваат на дијалог меѓу ЕУ и Русија, истакнувајќи дека германските компании „брзале“ на самитот во Санкт Петербург во Русија.
- И самиот многупати имам кажано дека, кога војната ќе заврши, сите со трчање ќе брзаат да се вратат на рускиот пазар. Можеби не требаше прерано да ги изнесувам своите мислења – рече Фицо.
Изјавата на унгарскиот премиер ја отфрли и словачкиот министер за надворешни работи Јурај Бланар, нарекувајќи ја апсурдна и негирање на историјата.
Маѓар за време на церемонијата по повод годишнината од потпишувањето на Тријанонскиот договор во 1920 година изјави дека Унгарија е „единствената земја во светот која граничи со самата себе“. Тој нагласи дека добрите односи со соседните земји се од суштинско значење, додавајќи дека тоа во последните години не било секогаш случај и оти дијалогот бил прекинат дури и со најважниот сојузник на Унгарија во Вишеградската група, која ја сочуваат уште и Чешка, Полска и Словачка.
МИА
Ново на Сител
-

Граѓаните мора да добијат најдобра услуга и најквалитетни производи по оптимални најниски цени
-

Мицкоски: Проблемот од минатото се решава, учебниците се доставуваат навреме за новата учебна година
-

Отчет за активностите и проектите реализирани во изминативе две години
-

Се надополнува кадарот во хотелско-угостителскиот сектор
-

Се градат неколку важни водоснабдителни системи во прилепските села и градот
-

Жетвата на јачменот во полн ек, откупната цена екстремно ниска
-

Мицкоски и трговците постигнаа договор за цените на храната
-

Тема на денот со проф. д-р Димитар Трајанов, раководител на проектот „Везилка“, прва национална фабрика за ВИ
