Филипче: Нашите заложби се да обезбедиме здравство за квалитетен живот на секоја жена
Нашите заложби се да обезбедиме здравство за квалитетен живот за секоја жена, порачал министерот за здравство Венко Филипче кој вчера по повод Меѓународниот ден на жената бил во посета на Организацијата на жени на СДСМ во скопската населба Гази Баба.
Како што информира Министерството за здравство, Филипче говорел за женското здравје и за правата и можностите на здравствена заштита на жените. Посочил дека со измените на законот за абортус, волјата на жената е ставена на прво место, односно таа има право на репродуктивна слобода.
Министерот се осврнал и на воведувањето нови терапии за жените кои имаат рак на дојка. Истакнал дека жените после операција или без операција на карцином на дојка, ја имаат целата терапија што им е потребна. Изминатиот период обезбедени се и бесплатни ортопедски градници, а воведена е и напредна технологија за скрининг на рак на дојка во рана фаза со точна и прецизна дијагностика. Апелирал дека од голема важноста се превентивните прегледи посебно за младите девојки.
– Посетата на гинеколог, како и рутински преглед на гради еднаш во годината, е најдобрата здравствена превенција бидејќи само така се овозможува рано откривање на промените на репродуктивните органи кај жените, рана дијагностика но и висок процент на успешно лекување, истакнал Филипче.
Ново на Сител
-
Роналдо на врвот на листата на најплатени спортисти во 2024 година во изборот на Спортико
-
Шефот на НАТО: На Украина никогаш не и било ветено членство
-
Зеленски: Нема да прифатиме договори меѓу САД и Русија без учество на Украина
-
Кривична против две лица од Скопје, обид за убиство
-
Кривична против сопственик на угостителски објект во Струга, сомнение за кражба на електрична енергија
-
15-годишно девојче пријавено за исчезнато
-
Бојкотите продолжуваат: Драматично зголемување на цените на храната во ЕУ и Западен Балкан
-
Шолц: Нема милост за уапсениот за нападот во Минхен, тој мора да ја напушти земјата