-->
-->
Филипче за отварањето на џамиите - се уште важи забраната за групирање на повеќе од двајца
-->

На денешната прес конференција министерот за здравство Венко Филипче кажа дека сеуште важи забраната за групирање на лица откако претходно ИВЗ донесе одлука да ги отвори Џамиите на 12 мај.
Во однос на вчерашниот собир во Струга, Филипче изјави дека е непочитување на здравствените работници и на сите оние други кои два ипол месеци пожртвувано работат за што побрзо излегување од оваа криза. Филипче најостро ги осудува сите кои не ги почитуваат мерките, очекува темелна истрага за вчерашниот собир во Струга и санкционирање на извршителите.
По информацијата која денеска ја објави ИВЗ дека Џамиите се отвараат на 12 мај Филипче повтори дека се уште трае забраната за групирање на повеќе од двајца луѓе.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Етна повторно исфрла пепел, илјадници туристи блокирани на Сицилија
-

МВР и Фондот за здравствено осигурување: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените
-

Јаневска: Учебниците ќе бидат навреме доставени, вештачката интелигенција треба да се користи етички во образованието
-

Пронајден револвер со куршуми во скопско, лишено од слобода едно лице
-

МВР: Граѓаните да не отвораат лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ и да не споделуваат лични податоци
-

Во пресрет на Светскиот ден на органодарителство, едно семејство со хумана одлука спаси два живота
-

ЦУК: Активни два пожара на отворен простор, изгаснати 12 до 18 часот
-

Ѓорѓиевски: Скопје има безбедна вода за пиење
