Македонија
1. April 2019 - 9:06

Филмови од Буњеул, Саура и Берланга во Кинотека

Филмови од шпанските режисери Луис Гарсија Берланга, Карлос Саура и Луис Буњуел ќе бидат прикажани на „Скопје филм фестивал класик“ од 5 до 10 април во Кинотека.

Од Буњуел ќе бидат прикажани неговите антологиски остварувања „Симон столпникот“,  „Тој мрачен предмет на желбата“, „Тристана“, „Ангел истребувач“,  „Виридијана“ и „Дискретниот шарм на буржоазијата“.

Од Берланга  на програмата се насловите „Пласидо“, „Џелат“ и„ Бикчето“,  а од Саура ќе бидат прикажани „Фламенко, Фламенко“,  „Танго“, „Гоја во Бордо“  и „Змија в пазуви“.