Фини-Смит премина во Лејкерс, Дианџело Расел се враќа во Бруклин
Иако Марк Стајн вчера објави дека Доријан Фини-Смит е блиску до преселба во Мемфис, сепак одличниот дефанзивец ќе замине во Лос Анџелес.
Лејкерси го добиваат играчот кој очајно им беше потребен, а „цената“ е збогување со Деанџело Расел и Максвел Луис, како и три пика од втората рунда. Заедно со Фини-Смит, во авионот за Лос Анџелес се најде и Шејк Милтон, креативен дефанзивец.
Фини-Смит оваа сезона има просек од 10,4 поени и 4,6 скока, со феноменални 43,5% шут за 3 поени. Уште поважно за Лејкерси, ова е еден од најдобрите крилни дефанзивци во лигата. Ова е поле на кој „езерџиите“ заостануваа далеку зад конкуренцијата. Интересно е тоа што Доријан и Џеј Џеј Редик, актуелниот тренер на Лејкерс, играа заедно за Далас Маверикс во сезоната 2020/2021, последна во кариерата на одличниот шутер.
Оваа размена го означува и враќањето на Расел на местото на најголемиот успех во неговата кариера. Расел играше за Нетс во сезоната 2018/2019, забележувајќи 21 поен и 7 асистенции во просек, а таа сезона единствен пат учествуваше на Ол-стар натпреварот.
Ново на Сител
-
Трамп: Иран мора да се откаже од нуклеарното оружје или да се соочи со воен одговор
-
Унгарскиот парламент усвои уставен амандман за забрана на јавните ЛГБТКју+ активности
-
Премиерот Мицкоски се сретна со претседателот на ОАЕ шеикот Мухамед Бин Зајед Ал-Нахјан
-
Калас: Западниот Балкан е во Европа и местото му е во ЕУ
-
Со последните напади Русија јасно покажа дека не сака мир, порача Калас
-
Намален бројот на населението во Јапонија, за една година 550.000 луѓе помалку
-
Трамп ги обвини Бајден и Зеленски за војната во Украина
-
На ГП Табановце викендов влез и излез оствариле скоро 37 000 македонски државјани