Финишира кампањата за претседателските избори

Почнува последната недела од кампањата за вториот круг на претседателските избори што треба да се одржат на 5 мај. Се очекува кандидатите Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова да продолжат со трибините и митинзите на кои пред гласачите ќе ја презентираат својата изборна програма.
За велигденските празници и двајцата кандидати немаа класични предизборни активности, туку само средби со граѓани и посета на повеќе верски објекти.
Кампањата ќе трае до петок во 24 часот кога почнува предизборниот молк. В сабота ќе гласаат изнемоштените, болните и лицата во затвор и притвор, како и граѓаните на привремена работа во странство кои се пријавиле за гласање во дипломатско конзуларните претставништва на земјава.
За да успее гласањето на 5 мај неопходно е да излезат најмалку 40 отсто од гласачите запишани на единствениот избирачки список или 723.253 гласачи од вкупно запишаните 1.808.131 гласач. Ќе победи кандидатот кој ќе освои мнозинство од гласови. Доколку не се исполни цензусот изборите ќе се сметаат за неуспешни и ќе треба претседателот на Собранието да прогласи нови избори.
Според претходните најави од политичките партии, доколку не успеат изборите се предвидува и опцијата за уставни измени и претседателот на државата да се бира во Собранието наместо на непосредни избори. Премиерот Зоран Заев, пак, деновиве најави дека е можно одржување и на предвремени парламентарни заедно со повторените претседателски избори доколку не се исполни цензусот на изборите.
Лидерот на опозицијата и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски очекува да биде постигнат цензус на вториот круг од претседателските избори на 5 мај.
Ново на Сител
-

„За влакно избегнавме трагедија“ - улични кучиња нападнале мајка и дете во Скопје
-

Тема на денот со Виктор Митевски, извршен директор на ЗМАИ
-

ДИК со првични официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа
-

Политички реакции по првиот круг во Брвеница
-

МНР: Навредливи и провокативни се изјавите на Демерџиев и Радуков за Ива Михаилова
-

Правосуден испит на албански или нови протести
-

Отказ за административците ако 2 години се негативно оценети
-

Нови цени на горивата
