Фудбал
8. September 2017 - 10:54

ФК Вардар го засили стручниот штаб

Белгискиот тренер Стефан ван дер Хејден, и тренерот на голманите Мане Манев, се приклучени во стручниот штаб на Вардар, со што е комплетиран стручниот штаб на „црвено-црните“ за Лигата на Европа.

Белгиецот Ван дер Хејден во минатото работел како помошник во екипите на Бриж, Локерен и Беверен. Во играчката кариера Ван дер Хејден играл во неколку белгиски клубови, а биле дел и од белгиската репрезентација.

Мане Манев во иднина ќе биде тренер на голманите и на таа позиција го наследи Саша Илиќ, после три и пол години заминува од клубот.

Дел од стручниот штаб на Вардар и понатаму остануваат Александар Влахо, Александар Васоски и Михајло Костиќ.

Влахо во иднина ќе работи на скаутинг и на анализа, додека Васоски останува асистент на шефот на стручниот штаб Чедомир Јаневски. Михајло Костиќ работи како кондициски тренер на екипата, и се грижи за физичката подготовка на играчите.