Фолксваген укинува 5.000 работни места
Големата германска фабрика за автомобили Фолксваген најави план за намалување на работните места без да соопшти без точни бројки, но германските медиуми наведуваат дека веројатно ќе бидат укинати 5000 работни места до крајот на 2023 година како дел од намалувањето на трошоците за финансирање на транзицијата кон производство на електрични автомобили.
Фолксваген очекува „деветстотини вработени“ да се одлучат за предвремено пензионирање. Меѓу 2.000 и 4.000 луѓе би ја напуштиле компанијата како дел од постепено прекинување на работниот однос.. Овие откази треба да ги намалат трошоците за групацијата која сака да направи скапа транзиција кон електрични модели, и на долг рок кон автономни возила.
Овој нов план за укинување на работните места доаѓа откако во 2019 година беа укинати 7.000 работни места поврзани со главната марка во групацијата, VW.
Сопственикот на групацијата Фолксваген Херберт Дис не ја крие амбицијата да се доближи до успехот на Тесла, производителот број еден во светот на електричните автомобили.
Својата стратегија во производството на електрични возила тој денеска ќе ја претстави на конференцијата „Power Day“, а експертите ја споредуваат со „Battery day“, голем годишен собир организиран од Илон Маск, сопственикот на Тесла.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар