Фон Дер Лајен: Никогаш нема да го заборавиме Аушвиц
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен рече дека светот никогаш нема да ги заборави шесте милиони „ладнокрвно убиени Евреи и сите жртви на холокаустот“.
– Додека исчезнуваат последните преживеани, наша должност како Европејци е да се сеќаваме на тие неописливи злосторства и да го почитуваме споменот на жртвите, напиша Урсула фон дер Лајен на X пред денешното одбележување на 80-годишнината од ослободувањето на нацистичкиот концентрационен логор Аушвиц-Биркенау во Полска.
– Антисемитизмот повторно се појавува во Европа. Потребата за борба против ова зло, онлајн и вон интернет, никогаш не била поголема, додаде претседателката на ЕК.
Според неа, историјата на Евреите е „неразделна од историјата на Европа“. – Ние сме решени не само да го заштитиме, туку и да го славиме еврејскиот живот во Европа, додаде таа.
Аушвиц-Биркенау стана симбол на геноцидот извршен од нацистичка Германија врз шест милиони европски Евреи, од кои еден милион загинаа таму, помеѓу 1940 и 1945 година, заедно со повеќе од 100,000 луѓе од нееврејско потекло.
Ново на Сител
-
Чествување на Свети Ѓорѓи Кратовски
-
Избори во Германија
-
Мицкоски: Не знам дали ќе успеам но не се откажувам
-
Предлогот за разрешување на обвинителот Коцевски, во вторник на Владина седница
-
Премиерот Мицкоски негира партиски вработувања во администрацијата, СДСМ бара истрага
-
СДСМ обвинува дека на Меџити му се одземени ингеренциите поради мито од фирми и граѓани, Мицкоски негира
-
Пробиштипјанка измамена за 1.4 милиони денари
-
По 4 децении од почетокот на градбата годинава треба да почне со работа новото крило во струмичката болница