Франција ја порази Германија на „Алијанц арена“
Франција триумфира вечерва над Германија на „Алијанц арена“ во Минхен со минимални 1:0 (1:0) во последниот натпревар од првото коло во групната фаза на ЕУРО2020.
Победата на Французите, кои никогаш досега не загубиле воведен натпревар на европските првенства, им ја донесе Матс Хумелс со автогол во 18. минута.
Франција беше блиску до удвојување на предноста во 52. минута кога обидот на Адријан Рабио заврши во стативата, а набрзо потоа Серж Гнабри на спротивната страна пропушти колосална шанса за израмнување на резултатот.
Килијан Мбапе и Карим Бензема во завршните 25 минути ја сместија топката во германската мрежа, но и двата гола беа поништени поради офсајд.
ЕУРО2020 продолжува утре со воведниот натпревар од второто коло во групата Б меѓу Финска и Русија (15 часот), по што ќе се комплетира второто коло во групата А со пресметките меѓу Турција и Велс (18 часот) и Италија и Швајцарија (21 часот).
Ново на Сител
-

Ново рочиште за „Дражавна лотарија“
-

Регионален форум на локално лидерство за млади, мир и безбедност
-

Ромите се уште се соочуваат со предизвици
-

Се помалку се подготвува зимница
-

Сушата ја пролонгира есенската сеидба
-

Преглед на вестите од светот
-

Клековски: За Михаилова нема постапка за лекување во странство, се врши надзор во нејзината здравствена документација
-

Тема на денот со Сашо Клековски, министер за здравство
