-->
-->
Француски Сесон победник на „Струга 2015“
-->

Француската екипа Сесон е победник на 43.то издание на ракометниот турнир „Струга 2015“. Во синоќешното финале Сесон ја совлада екипата на Динамо Букурешт со 33:24. Кај победникот Брифе и Лебурал постигнаа по 5 голови, додека голманот Бонфу имаше 14 одбрани.
Во натпреварот за третото место португалска Бенфика го победи македонскиот претставник Струмица со 31:27. Кај Струмица Чантурија постигна 7 голови, а голманот Трајковски имаше 17 одбрани. Репрезентативниот голман на Македонија Никола Митревски на голот на Бенфика дуелот го заврши со 6 одбрани.
Во дуелот за 5.место Замалек го победи Бешикташ со 29:24.
ФОТО: www.balkan-handball.com
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Најмалку 21 пожар на отворен простор
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна политика
-

Град Скопје: Водата е безбедна
-

Скопјани масовно купуваат вода од маркетите - шпекулациите за ешерихија ги празнат рафтовите
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС го допре дното
-

„Политико“: ЕУ ги менува правилата за проширување поради страв од блокада на Унијата
-

25 години Охридски рамковен договор
-

„Пулс“ незаконски бил пренаменет во дискотека, објектот бил предвиден за лесна индустрија
