Французите не веруваат дека Владата може да се справи со тероризмот
По нападот во Ница, 67 проценти од Французите не веруваат дека францускиот претседател Франсоа Оланд и неговата Влада можат супешно да се справат и да водат ефикасна борба против тероризмот, покажуваат резултатите од анкетата на јавното мислење спроведена од институтот ИФОП за конзервативниот весник „Фигаро“.
Како јави дописникот на МИА од Париз, 81 отсто од анкетираните Французи велат дека се подготвени да прифатат поголеми контроли и некои ограничувања на нивните слободи.
Промената на јавното мислење кон извршната власт во врска со справувањето со терорзмот е видливо при споредба со претходните четири анкети на ИФОП, спроведени меѓу 8 јануари 2015 и 5 јануари 2016 година, каде довербата во капацитетите на претседателот и Владата беше меѓу 49 и 51 отсто. За шест месеци, власта изгуби шеснаесет проценти поени доверба.
Според истото испитување, секој втор Французин смета дека Франција е во војна.
Ново на Сител
-
Ќе се најде ли натпартиски консензуз за уставните измени со одложено дејство
-
Тема на денот со министерот за култура, Зоран Љутков
-
ДМ Дрогерие Маркт донира над 200 диспанзери со хигиенски влошки за јавни универзитети
-
Пораката од таткото на Вања: „Кажете само колку пари треба?“
-
ЛКМ: Прво Таравари да достави решение кој е одговорен па потоа комората ќе постапува
-
Менаџментот на Детска клиника одлучи
-
Мицкоски и врати на Јотова: Почитувајте ги Македонците во Бугарија
-
Кој ја партизира АНБ - ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ денеска со меѓусебни обвинувања