Франгов: Општина Гевгелија и во 2017 продолжува со капитални зафати
Општина Гевгелија покрај досега реализираните проекти за поттикнување на локалниот економски развој и за подобрување на условите за живот ќе продолжи со несмалено темпо и во 2017 година со капитални зафати кои условите за бизнис и живеење ќе ги направат уште попогодни и попривлечни, нагласи на денешната прес-конференција градоначалникот Иван Франгов.
- Пред нас стојат значајни предизвици и проекти. Меѓународниот тендер за изградба на новиот водоснабдителен систем кај Вардар заврши и средствата за негова реализација во износ од 105 милиони денари се обезбедени преку Светската банка и грант од Европската инвестициска банка, рече Франгов, посочувајќи дека до 4 декември треба да заврши реконструкцијата на бунарот кој ќе обезбеди двојно поголемо количество вода за пиење.
Покрај ова, додаде тој, Агенцијата за развој на обединетите нации ќе ја финансира изградбата на времената санитарна депонија кај Гевгелија, а по добивање на одобрението за градба ќе почне и реализацијата на Конска брана за која преку меѓународен тендер е избран изведувачот.
Светската банка, информира Франгов, го одобрила и проектот за изградба на 14 нови училници во средното училиште кои ќе ги создадат неопходните услови за едносменска работа.
Сето наше внимание, нагласи Франгов, го насочуваме кон овие проекти и активности врз основа на кои ќе го проектираме и општинскиот буџет за наредната година.
Ново на Сител
-
Трамп на молитвениот појадок: Не можете да бидете среќни без религија, вратете го Бог во вашите животи
-
Статуата на Роналдо откриена на „Тајмс Сквер“ по повод 40-тиот роденден на Португалецот
-
Комисија од тројца судии ќе треба да испита дали имало пропусти во одлуката на судијката за предметот на Васил Јованов
-
„Адвокатот на Васо ќе објави снимка како плаче над мртвото тело, апелирам медиумите да не ја објавуваат“, напиша сестрата на Фросина
-
Дојавите за бомби во хрватските училишта биле испратени од сервер во Африка
-
Членови на семејството на Фросина во Јавното обвинителство биле информирани за текот на постапката и прибраните докази
-
Без струја утре делови од Арачиново, Илинден, Карпош и Сопиште
-
Креативците од ООУ „Гоце Делчев“ - Центар ги насликаа културните наследства во општината