Франсоа Оланд: Франција нема да биде земја со мигрантски кампови

Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека Франција нема да биде земја „каде што ќе има кампови за мигранти“, како одговор на критиките од десницата за ризиците од множењето на „мини-Кале џунгли" по најавеното евакуирање на кампот во кој живеат околу 10.000 мигранти, јавува дописникот на МИА од Париз.
- Наша желба е целосно да се демонтира (кампот) Кале и да имаме центри за прием и ориентација распределни во цела земја, рече шефот на француската држава за време на посетата на еден таков центар, сместен во студенстки дом во Тур, два дена пред неговата посета на Кале.
- Ние се стремиме да ги прифатиме хумано и достоинствено луѓето кои ќе поднесат барање за азил. Оние кои ќе го остварат ова право ќе бидат во процес на интеграција, а другите ќе бидат протерани. Ова е правило, а тие го знаат тоа совршено, истакна Оланд.
Тој нагласи дека „Франција не може да биде земја на бегалски кампови", одговарајќи им на оние кои од редовите на десницата сметаат дека ќе се создадат повеќе „мини-Кале".
- Имам доверба во мојата земја, јас знам што таа може да направи, затоа што ние имаме ограничен број на баратели на азил - 80.000, рече Оланд, истакнувајќи дека Германија прифатила еден милион бегалци.
Според него, Франција „е во состојба да биде достојна и хумана, а во исто време да биде одговорна, бидејќи има јасни правила“.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Никола Србов, историчар
-

Мицкоски верува во решение преку дијалог со Бугарија - Филипче бара европска иднина
-

ВМРО-ДПМНЕ со 3,5 пати поголем рејтинг од СДСМ
-

Кризната состојба за горивата ќе продолжи до април, намалено ДДВ за дизелот до 20 октомври
-

30.000 вакцини против грип пристигнаа во земјата – имунизацијата за една недела
-

Скопското Кале ќе биде прогласено за културно наследство
-

Оризовите стрништа го палат алармот кај пожарникарите
-

Од 20 - 30 питачи од најмала возраст во Oхрид
