-->
-->
Газдата на Лудогорец против сите закони!
-->

Сопственикот на фудбалскиот клуб Лудогорец, олигархот Кирил Домушчиев се заразил со коронавирусот и предизвикал хаос во Софија. Думушчиев не ги почитувал препораките и во приватна болница дознал дека е позитиван на вирусот.
Думушчиев на тој начин загрозил 350 лица, 180 луѓе од медицинскиот персонал и 170 пациенти. Болницата е во карантин додека не бидат проверени сите што биле во неа.
Полицијата забранила влез во болницата.
Претседателот на Лудогорец е на удар на бугарската јавност, а ситуацијата ја објаснил епидемиологот Атанас Мангранов.
„Зошто се однесува така? Поради тоа што е милионер“.
Кирил Думушчиев вложува огромни финансиски средства во Лудогорец. За краток период успеа клубот од третата лига да го направи најдобар во Бугарија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Најмалку 21 пожар на отворен простор
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна политика
-

Град Скопје: Водата е безбедна
-

Скопјани масовно купуваат вода од маркетите - шпекулациите за ешерихија ги празнат рафтовите
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС го допре дното
-

„Политико“: ЕУ ги менува правилата за проширување поради страв од блокада на Унијата
-

25 години Охридски рамковен договор
-

„Пулс“ незаконски бил пренаменет во дискотека, објектот бил предвиден за лесна индустрија
