„Газпром“ ќе му исплати на „Нафтогаз“ 4,673 милијарди долари за транзит на гас
- Арбитражниот суд во Стокхолм го прифати барањето на украински „Нафтогаз" да му бидат исплатени 4,673 милијарди долари од страна на руски „Газпром“ за транзит на гас.
Имајќи го предвид барањето на „Нафтогаз" за паричен надомест од 17 милијарди долари поради намалениот транзит на гас за европските потрошувачи во однос на оној кој е предвиден со договорот, судиите го прифатија побарувањето во износ од 4.673 милијарди долари.
Неодамна, шефот на управата на украинската компанија Андреј Кобољев истакна дека „Нафтогаз“ планира повторно да купува гас од рускиот „Газпром“ веќе од овој месец.
„Газпром“ и „Нафтогаз“ од јуни 2014 година водат спор пред Стокхолмскиот арбитражен суд. Предмет на побарување се договорите за снабдување со гас од Русија и негов транзит преку Украина од 2009 година
Ново на Сител
-
Барањето за 450 евра минималец на првата седница на економско-социјалниот совет
-
Приватните превозници ќе возат до 11 часот, додека ЈСП им префрли пари за гориво
-
Преглед на вестите од светот
-
Приватните превозници ги паркираа автобусите
-
Мицкоски во посета на Гевгелија
-
Сиљановска во посета на ГШ на Армијата
-
Управниот суд ја одби тужбата на Јолевски
-
Дурмиши: Ќе работат за добра бизнис клима