Георгиевски: Кукавици, еве ви отворена понуда за дуел!
Чудна работа, плукачи колку сакаш, пишува на Фејсбук поранешниот премиер и aктуелен лидер на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски, откако предизвика бурни политички реакции со неговиот предлог-акциски план кој пред два дена го предложи за надминување на спорот со Бугарија.
„А досега ниту еден патриотски новинар или тандем на новинари не ме покани да ме распарчи во јавна дебата. А со задоволство би прифатил и доктор на науки по историја. Па, еве ви кукавици, отворена понуда за дуел“, напиша Георгиевски.
Георгиевски во саботата понуди план за излез од спорот со Бугарија, а според тој план составен од пет точки, потребно е да ѝ се дадат гаранции на Бугарија дека земјава нема апсирации кон Источна Македонија. Тој предлага промена на стратегијата за историјата и конечно, како што вели, решавање на проблемот со јазикот. Неговиот предлог-акциски план предизвика серија политички реакции.
Ново на Сител
-
Дали членовите на Судски совет ќе си поднесат оставка ако им биде изгласана недоверба?
-
Измените на Кривичниот законик пред Уставен
-
Општините повторно може да аплицираат за пари од државата за инфраструктурни проекти
-
За поголема безбедност во сообраќајот, Штип го имплементира проектот “Save city”
-
Тренд на интелектуална миграција
-
Преглед на вестите од светот
-
Владата го задолжи Министерството за правда да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител
-
Тема на денот со Бесар Дурмиши, министер за економија и труд