Германија мора да прими назад мигрант депортиран во Грција

Германија мора да прими назад мигрант, кој е запрен на граница и депортиран во Грција, одлучи суд во Минхен.
Организацијата „Про Асил“ објави денеска дека тоа е прва таква судска одлука, која е донесена една година откако германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер постигна договор со Грција за враќање мигранти.
Во пресудата се наведува дека минхенската полиција ги повредила правата на бегалецот. Станува збор за авганистански барател на азил, кој во мај со воз ја преминал границата од Австрија. Германската полиција веднаш одлучила да го депортира во Грција врз основа на базата на податоци на ЕУ, според која тој претходно се пријавил во таа држава.
Сојузната канцеларија за миграција и бегалци не е консултирана во тој случај, а на Авганистанецот не му е овозможен адвокат, тврди „Про Асил“. Бегалецот во рок од 48 часа е испратен назад во Грција, каде бил притворен повеќе од два месеца.
Судот одлучил дека во европското законодавство нема основа за такво делување на полицијата. Службениците на Канцеларијата за миграција и бегалци се надлежни за тој случај, а не полицијата, утврди Судот.
Ново на Сител
-

Жител на Франгово управувал автомобил без возачка, возилото е одземано
-

39-годишен маж киднапиран во тетовско, три лица приведени
-

Автомобил излета од патот во виничко, возачот почина
-

Прегазен 80-годишен пешак во Дебар
-

Мицкоски за детали за истрагата за марихуаната упатува на МВР, но вели има поврзаност со лица од претходната влада
-

МОН: Честит 21 Февруари – Меѓународен ден на мајчиниот јазик
-

Мицкоски: Владата функционира одлично, нема да има предвремени парламентарни избори
-

Сенегалски навивачи осудени на затворски казни за инцидентите на Африканскиот куп
