Свет
15. December 2017 - 9:18

ОН ги испитува можните доставувања на оружје од Иран за бунтовниците од Јемен

ОН започнаа истрага по сомневањата дека Иран доставувал балистички ракети на јеменските бунтовници Хути. Тоа се нагласува во извештај на генералниот секретар на организацијата Антонио Гутереш.

Експертите анализираат елементи од ракетите кои Хутите ги испукаа врз Саудиска Арабија на 22 јули и на 4 ноември оваа година.

Постојанта претставничка на САД во ОН, Ники Хејли вчера покажа елементи од балистичка ракета произведена во Иран, која била испукана оваа година од шиитските бунтовници Хути во Јемен врз саудиски аеродром.

Таа рече дека САД и сојузниците располагаат и со други докази за оружје доставено од Иран на таа група во Јемен, Сирија, Либан и Ирак.