-->
-->
Гитаристот на „Ролинг стоунс“ Рони Вуд повторно ќе стане татко
-->
Гитаристот на „Ролинг стоунс“, Рони Вуд на 68 години по петти пат ќе стане татко. Неговата 30 години помлада сопруга Сали Хемфриз е бремена и чекаат близнаци.
- Сали и Рони Вуд се воодушевени што можат да ја објават веста дека очекуваат близнаци кои би требало да се родат во јуни 2016 година, изјави претставник на легендарниот бенд.
Двојката се венча во декември 2012 година во Лондон, по шест месеци забавување.
Вуд од поранешните бракови има четири деца и девет внуци.
Славниот гитарист е најмладиот член на „Ролинг стоунс“. Тој се придружи во групата во 1975 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Дрво падна врз жена во Скопје | ВИДЕО
-
Полицаец го напуштил работното место па пукал во воздух
-
Мемов: ЗНАМ ги „отвора вратите“ за сите членови на СДСМ
-
Од силниот ветер падна дрво во близина на „Веро Џамбо“
-
По најавите за поројни дождови УХМР со апел за внимание во одредени региони и реони
-
МВР: Лажни се поканите до граѓани за наводна тековна истрага
-
Лажна закана за бомба на аеродромот во Приштина
-
Топ Билд: Асфалтната база во Визбегово промовира индустриски еколошки напредок