Гласаат болните и изнемоштени лица, како и затворениците во Струга
Вкупно 62 стари, болни и изнемоштени лица денеска ќе го остварат правото на глас во општина Струга на вториот круг од претседателските избори што ќе се одржат утре.
Претседателот на Општинската изборна комисија Бледар Зиба за МИА потврди дека во тек е гласањето на овие лица и делењето на избирачкиот материјал.
– Во тек е делењето на избирачкиот материјал со четири конвои. Два два веќе завршија, а другите два се упатени кон подалечните планински села, изјави Зиба.
Во Струшкиот затвор пак, како што информира, од пријавени 22 затвореници, 19 го оствариле своето гласачко право.
Во општина Струга право на глас имаат 60.459 лица на 101 избирачко место.
Во Вевчани нема ниту едно пријавено лице кое има потреба правото на глас да го изрази денеска во домашни услови. Претседателката на Општинската изборна комисија Параскева Кукоска информира дека избирачкиот материјал во трите изборни единици ќе биде поделен попладнево. Во оваа општина има регистрирани 2.048 гласачи во единствениот избирачки список.
Ново на Сител
-
Неготинци апелираат да не се заборави случајот со исчезнатиот Миле Тодоров
-
Георгиевски освои злато на Скопје Опен Г1
-
Трамп бесен на Путин
-
Протести против Маск ширум светот
-
Лишено од слобода лицето кое пукаше со пиштол во скопски Чаир
-
Одземено возило на турчин поради создавање голема бучава на „Партизански одреди“
-
Јаневска: Априлските плати во образованието повисоки за 7 проценти
-
Жена со нож ја нападнала деканката на Филозофскиот факултет во Ниш