Го напуштиле луксузот во Лос Анџелес, облекле опинци и дошле во село: Близнаците Марко и Лука се први земјоделци во регионот
Близнаците Марко и Лука Максимовиќ можат да застанат рамо до рамо со успешните претприемачи бидејќи заедно со таткото Часлав во селото Божурња, успешно одгледуваат боровинки.
Не е филм, туку животна приказна на Марко и Лука Максимовиќ, 21-годишни близнаци родени во Лос Анџелес.
Марко и Лука иако родени во САД, пред десетина години се вратиле во Србија поради желбата на нивниот татко да пораснат како Срби.
Во Белград завршиле основно училиште, а потоа запишале Земјоделси факултет.
- Кога се запишавме во прво одделение зборувавме многу лошо српски јазик, но брзо се навикнавме и одлично се снајдвоме - вели Лука за Блиц.
Во селото Божурња, од каде што потекнува нивната мајка, пред неколку години почнале да се занимаваат со самостоен земјоделски бизнис.
На своја иницијатива, почнале да размислуваат што најдобро ќе се одгледа во Шумадија, позната по сливите и лозјето.
Дошле до идеја да одгледуваат боровинки, кои во Србија ги нема во голема количина. Велат дека боровинките се овошје на милениумот и дека можат да се употребуваат сушени, свежи како и замрзнати.
- Сфативме дека одгледувањето на боровинки може многу да ни донесе - вели Лука и додава дека за една година приходите растат околу 280%.
Марко и Лука велат дека се задоволни. Работата континуирано напредува, побарувачката расте, тие сметаат дека боровинките се иднина.
- Просечната цена на боровинките е 5 до 6 евра по килограм, а по хектар може да има околу 15 тони - вели Лука, додавајќи дека годишните трошоци не минуваат 15% од вкупната бруто заработка.
Сепак велат дека најсреќни се што покрај стереотипите дека само на Запад може да се успее, своите цели ги оствариле во Србија.
Ново на Сител
-
Околу 18.000 Сиријци се вратија дома по падот на Асад
-
Сиљановска Давкова: Треба да ги тераме ЕУ реформите, Европајнин се станува со почитување на правото
-
Тошковски: Прашањето не е дали, туку кога Груби ќе се најде пред лицето на правдата во нашата држава
-
Димитровска: Нема судир на интереси во случајот со членот на ДКСК и директорот на АНБ
-
АМСМ: Забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка
-
Скопјанка измамена за 45.000 денари - ја излажале дека ќерка ѝ предизвикала сообраќајка
-
Пронајдена уште една црна кутија на местото на авионската несреќа во Казахстан
-
Бегајќи од полицијата, предизвикал две сообраќајки - лишен од слобода млад скопјанец