Го заштити ангел чувар: Убиец пукаше во него три пати и

Исплашениот човек на мета на убиецот, во страв почнал да фрла картон и се обидел да се скрие додека вооружениот напаѓач пукал.
Оваа застрашувачка снимка прикажува, за среќа, неуспешен обид за убситво, иако убиецот кон мажот од непосредна близина испукал три куршуми.
Како што се гледа на снимката, газдата влегува во својот дуќан и го изнесува штандот, додека од зад грб му приоѓа убиецот. Напаѓачот првиот истрел го испукал во правец на главата на човекот, но пиштолот не пукнал. Во следниот момент исплашениот човек зел парче картон и се обидел да се скрие додека напаѓачот продолжил да пука.
Иако бил толку блиску, само два крушуми го погодиле сопственикот. Еден му ја гребнал главата, а другиот го погодил во стомакот низ неговиот картонски штит.
Лекарите во болница му рекле дека е вон животна опасност.
Овој обид за убиство е снимен од безбедносните камери во малиот гад Арагуапаз во Бразил.
Жртвата, идентификувана како Хаире Нато Гонзало де Соуса, е сопственик на мало дуќанче. Напаѓачот побегнал, но полицијата користејќи ја оваа снимка, успела да ги идентификува.
Истрагата е во тек.
Ново на Сител
-

Трамп: Ормуската Теснина е исчистена од мини, секој што ќе постави нови ќе биде уништен
-

Почина Доли Партон
-

Канада воведува нови царини за американските производи, трговската војна се заканува да ги погоди и Американците
-

Акција за отстранување хаварисани возила во општина Карпош
-

Лавров: Москва и Ватикан го зачуваа дијалогот заснован на заемна почит и доверба
-

ЦУК: Осум активни пожари, еден под контрола, а 14 се изгаснати
-

Федерер не планира враќање на тенисот
-

„ОпенАИ“ откри разгранета мрежа за влијание што ги прикривала руските траги
