Голема полициска акција во Скопје и Куманово, меѓу уапсените и Дарлишта од ДУИ | ВИДЕО

Ноќеска во акција на Бирото за јавна безбедност приведени се повеќе лица меѓу кои и Бујар Дарлишта, поранешен директор на Управата за водење матични книги, кадар на ДУИ.
Информацијата во изјава за медиумите ја потври министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој присуствуваше на промоција на фотоволтаична централа поставена на Центарот за обука на МВР - донација на ОКТА.
Претходно, од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал соопштија дека ноќеска била спроведена акција на повеќе локации во Скопје и Куманово.
-Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при БЈБ – МВР од ноќеска спроведуваат активности на повеќе локации во Скопје и Куманово, поради постоење на основано сомневање за сторени кривични дела од финансиско економска природа, се наведува во соопштението.
Повеќе детали најавуваат дека ќе бидат споделени по завршување на теренските активности.
МИА
Ново на Сител
-

Македонците ќе зборуваат без роаминг со граѓаните од Унијата на есен
-

Партиите со препукувања и празна реторика за време на празници
-

Растат цените и побарувачката за станови во Струмица
-

Пчеларите се соочуваат со нелојална конкуренција
-

По Венецуела, Трамп со отворена закана и за уште пет држави
-

Преглед на вестите од светот
-

Православните христијани денеска го слават Бадник, ден пред Христовото раѓање
-

Со македонската коледарска песна „Коледица Варварица“ коледарчиња утрово затропаа на вратите
