Горат Скопје, Штип, Демир Капија и Гевгелија - измерени 41 степен
Во Скопје-Зајчев рид, Штип, Демир Капија и Гевгелија до 17:30 часот денеска се измерени 41 степен, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Според УХМР, температурата во Скопје-Петровец, Прилеп, Виница и Битола е 39 степени, во Струмица и Тополчани 38 степени, во Тетово 37, Ѓуриште, Крива Паланка и Охрид 36, во Берово и Претор 35, во Пожаране 34, а во Маврово и Лазарополе 29 степени.
До крајот на денот ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност и со умерен до засилен југозападен ветер. Во вечерните часови ветерот ќе ја намали брзината.
Утре претпладне сончево и топло со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне и во вечерните часови од север ќе се спушта посвежа воздушна маса што ќе предизвика на повеќе места нестабилно време со поројни врнежи од дожд и појава на грмежи. Локално ќе има услови за појава на невреме. Дневните температури ќе опаѓаат, почнувајќи од северните делови за околу пет степени, а во јужните делови сеуште ќе се задржи многу топло. Минималната темепартура ќе се движи од 16 до 24, а максималната од 31 до 40 степени. УВ индексот ќе биде со вредност осум.
Во Скопје претпладне ќе биде сончево и топло со умерена облачност. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурата од 20 до 35 степени.
Во понеделник ќе преовладува променливо облачно и свежо време со локален дожд. Во понеделник и вторник ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата, за уште десетина степени. Потоа ќе има стабилизрање на времето, а температурата ќе биде во постепено покачување.
Ново на Сител
-
ДУИ со стара реторика – Ќе го бранат албанскиот јазик со сите можни механизми
-
ДЗС: 3,5% инфлација во 2024 година
-
Штрајк на вработените во државното правобранителство
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Очекувам добри економски резултати
-
Охрид привлечен за посетителите
-
Текстилната индустрија зависи од странските партнери
-
Преглед на вестите од светот