Град Скопје ќе го одбележи „Европскиот ден на уметничка креативност“

Во рамки на активностите на проектот „КРЕАРТ“ - Мрежа на градови за уметничко творештво (CreArt - Network of Cities for Artistic Creation), Градот Скопје организира голем број културни настани за одбележување на 21 Март - „Европскиот ден на уметничка креативност“.
- Станува збор за прв настан што се организира во Скопје во рамките на меѓународниот проект, а вакви настани истовремено ќе се одржуваат и во другите градови коишто се дел од оваа мрежа, соопштуваат од Град Скопје.
Првиот настан ќе се одржи вечер во Салон 2 во Музеј на град Скопје, каде што ќе биде отворена изложбата на дела од девет млади уметници насловена „Портали“.
Во сабота и недела во Салон 2 во Музеј на град Скопје ќе се одржат отворени студија и едукативни работилници насловени како „Re TEX“, на коишто ќе учествуваат студенти од факултетите за редизајн на мебел со рециклирани материјали.
Во недела во Салон 2 во Музеј на град Скопје ќе се одржи и едукативна работилница за деца со рециклирање материјали (во соработка со ОУ „Максимилијан“.
На 28 март 2 ќе се одржи отворена дебата на млади ликовни уметници со галеристи насловена како „ArtTalk“.
- Одбележувањето на Европскиот ден на уметничка креативност ќе заврши на 2 април 2018 година (понеделник), со изложба на плакати од графичките дизајнерки Маријана Иванова и Симона Трипкова со наслов „Калеидоскоп“ во 19 часот во кафе бар „Љубов“ во ТЦ Порта Буњаковец, информираат од Град Скопје.
Скопје од 2017 година стана партнер во Креарт - Мрежа на градови за уметничко творештво- што претствува европска мрежа составена од градови и од јавни и приватни културни институции. Целта на проектот е да одговори на потребите што ги споделуваат европските културни институции и уметници.
Со приклучување кон мрежата на градови „КРЕАРТ“, Град Скопје внесува иницијативи во културниот живот во Скопје во полето на визуелните уметности преку воспоставување нови меѓународни партнерства и размени, а истовремено им овозможува учество на уметниците и кураторите од Скопје во програмските активности кои се оддржуваат во градовите-партнери во проектот.
Ново на Сител
-

Николоски: Со изградбата на коридорите 8 и 10 Македонија ја зацврстува политичката и економска стабилност во регионот
-

61 возач фатен под дејство на алкохол, 14 возеле со над 1,50 промили
-

Вештак на судењето за „Пулс“: Дискотеката имала три влезови и излези, но не за евакуација
-

Ѓорѓиевски: Нов лик, подобри услови и поголема грижа - ЗОО Скопје се менува
-

Приведени осум возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“
-

Маск: На секое дете во Америка ќе му подарам по една акција од SpaceX – подарок вреден 10 милијарди долари
-

Мицкоски: Цените на храната и пијалоците во Македонија се меѓу најниските во регионот, потврди Евростат
-

Заврши петтото издание на „Wine Vision by Open Balkan“: Белград три дена во знакот на виното, ракијата и гастрономијата
