Градоначалникот на Анкaра му порача на американскиот амбасадор да си се врати дома
Градоначалникот на Анкара, Мелих Ѓокчек денеска побара американскиот амбасадор во Турција, Џон Бас да ја напишти земјата и да „си се врати дома во САД“, поради неговите реакции во врска со апсењето на група турски научници.
Бас вчера на својот налог на Твитер изрази вознемирнот поради апсењето на неколкумина турски научиници, кои ја потпишаа петицијата со која се бара прекин на насилството во Југоисточна Турција.
- Во САД полицијата пука по луѓе како по круши, ако некој не крене раце, а нас не советуваш да не реагираме на нападите на вооружените терористи врз нашите полицајци и војници. Е нема да го прифатиме тоа, уважем амбасадоре, му порача Ѓокчек на Бас преку својот налог на Твитер.
Ѓокчен натаму оценува дека Бас претставува „погрешен избор на САД“ и му поралува „да си се врати дома и да дојде некој друг амбасадор“, кој ја познава Турција.
- Додека ние се обидуваме да ги одржиме американско-турските односи на највисоко ниво, ти се обидуваш да го претвориш турскиот народ во непријател на САД, му почара Ѓокчек на Бас, советувајќи го „да научи да молчи“.
Бас во својата ракција на апсењето на научниците наведе дека „секој граѓанин треба да може слободно да го изразува своето мислење“ и дека критиките на сметка на Владата не треба да се третираат како предавство.
Ново на Сител
-
Најмногу дожд во Дојран, утрово најсвежо на Попова Шапка
-
Конференција на Судскиот совет
-
СДСМ: Вистинските социјалдемократи никогаш нема да ги прифатат повиците на лажните патриоти од ЗНАМ
-
Познати се сите двојки за четвртфиналето на Евро 2024
-
Анкета: Еден од тројца демократи смета дека Бајден треба да се повлече од претседателската трка
-
Ураган на Карибите, има почнати и исчезнати
-
УНРВА: Најмалку 250.000 лица ќе бидат принудени да го напуштат Кан Јунис
-
На Табановце утринава се чека околу 20 минути