Градоначалникот на Дојран задоволен од туристичката сезона
Градоначалникот на Дојран, Борче Стамов оцени дека годинашната туристичка сезона била една од најуспешните во последните 35 години.
Според него, во Дојран се регистрирани околу 200 илјади ноќевања, а локалната самоуправа била максимално ангажирана да го промовира Дојран како хит туристичка дестинација.
Порастот на гостите, како што истакна Стамов, е тренд во последните три години што се должи на подобрувањето на инфраструктурата и уредувањето на плажите.
- Куриозитет е тоа што по рехабилитацијата на Дојранското езеро, освен во август кога е шпицот на сезоната, скоро иста бројка на гости имавме и во јули со што полека ја остваруваме нашата заложба за продолжување на летната туристичка сезона, рече Стамов.
Тој додаде дека е зголемен бројот не само на македонските, туку и на српските туристи кои на пат за Грција транзитираат низ Дојран каде остануваат најмалку по два дена.
За следната туритичка сезона локалната самоуправа најави дека ќе го реши проблемот со паркирањето со воведување зонско паркирање, ќе се доуредат плажите, ќе се издава под концесија повеќе простор за летни барови, а хортикултурно ќе се уредува и крајбрежјето на Дојран.
Ново на Сител
-
На 16 април во Скопје хуманитарен натпревар ќе одиграат Вардар и Црвена ѕвезда
-
Осум пациенти од Кочани кои вчера пристигнаа во Србија се со повреди опасни по живот
-
Отстранети 75 кубни метри отпад од депонии во Чаир, Бутел и Ѓорче Петров
-
Сибиха: Киев не е пречка за мировен договор со Русија
-
Во Токио викендов средба на министрите за надворешни работи на Јужна Кореја, Кина и Јапонија
-
Двајца повредени во пожарот пристигнаа на лекување во Загреб
-
Муцунски и Таравари во придружба на грчките заменик-министри за внатрешни и надворешни во посета на повредените во Солун
-
Панчев: Црвена звезда доаѓа во Скопје на дуел со Вардар