Градоначалникот на Валандово даде отчет за сработеното
Градоначалникот на Валандово, Николче Чурлиновски денеска даде отчет за сработеното во изминатата година при што истакна дека се реализирани повеќе од 85 проценти од програмата за работа, но оти се исполнети и многу други проекти надвор од програмата кои произлегле од потребите на граѓаните.
- Во комуналната сфера направивме организирано собирање на отпад во сите населени места, особено во Пирава и Јосифово, а сега почнуваме и во Удово. Отворивме Дневен центар за децата со посебни потреби и зона за дистрибутивни центри и откуп на земјоделски производи во која веќе продадовме седум парцели, рече Чурлиновски.
За годинава, Чурлиновски најави доуредување на булеварот кој минува низ Валандово, отворање на градинка во која ќе се згрижат децата од четири населени места, а до летото се очекува да стартува со работа и фабриката кај рудникот Казандол.
- Посебно внимание ќе посветиме на подобрување на вработувањето со рестартирање на бившиот објект на фабриката „6 Ноември“ којшто е во сопственост на државата. По завршувањето на правните работи ќе им понудиме на граѓаните стотина нови работни места, рече Чурлиновски и додаде дека ќе продолжат да ги реализираат и заедничките проекти преку ИПА програмата со општини од Република Бугарија.
Ново на Сител
-
Гаши: Кривичниот законик ќе се менува по предлог на пратениците, а не по барање на Уставен
-
Ден на ретките болести - Пациентите побараа државата да донесе национална стратегија
-
Детска Клиника преполна со болни деца од респираторни инфекции
-
Дурмиши: Нема да се толерира картелско здружување на ланците маркети
-
Електронски ќе се вади уверение за остварен доход
-
Почнуваат карневалските денови
-
СДСМ бара оставка од министерката за финансии за навредите кон пратеничката Петровска
-
Гаши ги следи реакциите за вчерашната седница за пратенички прашања